Мицкоски кажа виц: Заев падобранец скока со ранец

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Македонски Брод кажа виц за премиерот Зоран Заев, кој како што кажа се прераскажувал меѓу луѓето.

-Се возеле во авион Меркел, Макрон, Борисов, Јанша и Заев, кога наеднаш пилотот вели авионот се расипа, мора да го напуштиме истиот. Арно ама во авионот има само 4 падобрани. Го зема падобранот Макрон, и вели морам да ја спасам Франција, не смеам да завршам вака, после него истото и Борисов го зема падобранот вели тој морам да ја спасувам Бугарија, не смеам вака да завршам рипа и тој. Доаѓа редот на Зоран Заев зема и тој и вика јас морам да ја спасам мојата држава, не вели Македонија бидејќи тоа му е забрането и остануваат уште Меркел и Јанша. Меркел му вика на Јанша, види јас сум во години, еве ќе се жртвувам и за Германија и Словенија, земај го ти последниот падобран и спасувај се. Јанша и вели има два падобрани, бидејќи Заев рипна со својот ранец – рече Мицкоски.

08.10.2021 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега