Мицкоски: Создадовме историски најголем опозициски блок - поголем од владиниот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека создаден е најголемиот историски блок, кој според него, е поголем и од владиниот.

-Повеќе од 20 политички партии и групи избирачи влегоа во Обединетиот опозициски фронт и заедно со Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива создадовме навистина можеби во историска смисла на независна Македонија, најголем досега опозициски блок, кој како куриозитет е поголем од владиниот.  Тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ го посакуваше и тоа што граѓаните го бараа од опозицијата. За жал имаме и такви кои што се одлучија и такви коишто и овој пат се одлучија да направат раздор во опозицијата, но мислам дека граѓаните се мудри, рече Мицкоски.

Вели дека верува оти граѓаните се доволно мудри за својот глас да не го дадат за власта, за како што ги нарече, лажните политичари.

-Навистина сум задоволен што за првпат во историјата на Република Македонија имаме ваков голем, огромен опозициски блок којшто ќе нанесе сериозен пораз на владината коалиција на овие избори кои гледаме дека полека почнаа да имаат определена функционална дисципација. Неколку владини владини коалиции настапуваат самостојно, и со листи,  но и со кандидати за градоначалници, рече Мицкоски.

За изборната трка вели дека потребна е достоинствена борба без ниски страсти. Политичките партии да ги понудат своите визии за општините, и рече дека тој ќе води апсолутно позитивна кампања. 

12.09.2021 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега