Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, ги остави партиските интереси и понуди решенија за кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп кажа дека партијата покажала дека е државотворна и ги оставила партиските интереси настрана за да понуди решенија за излез од кризата.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија се издигна над ситуацијата и можеби за прв пат во Македонија покажа државнички карактер некоја политичка партија и од позиција на опозиција решава проблеми, без да ги владее институциите, без да ги управува и менаџира. Понудивме решенија и политики кои ќе ги амортизираат ефектите на оваа енергетска криза која постепено веќе преминува во економска и финансиска криза, изјави Мицкоски.

Мицкоски потсети дека додека ВМРО-ДПМНЕ постапува државнички карактер, СДСМ како опозиција во услови на голема светска криза, со обоената револуција уништуваа државен имот, ја уништуваа општината во Прилеп а исто така и  во Скопје.

„Палеа канцеларии на претседателот, насилно се однесуваа, што ли уште не правеа за да дојдат до тоа што се денеска, а тоа е можноста да ја уништуваат Македонија. Ние ништо не видовме од овие луѓе освен уништување, срам, предавства пљачка и терор, ништо не видовме друго во овие 5 години. Затоа кога зборуваат за конструктивност треба  да прават разлика помеѓу конструктивност и државотворност“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и овој пат ги остави настрана партиските интереси, наместо да седи на страна, влезе во костец да ги решава проблемите и понуди решенија за излез од кризата.

11.10.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега