Мицкоски: Загрижен сум исто како и пред состанокот, ќе ги пренесеме контактите до Бектеши

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски кажа дека е загрижен за ситуацијата во Македонија.

„Како што бев загрижен пред состанокот, така сум загрижен и по него. Треба да работиме силно за да ги надминеме проблемите. Првичното сценарио кое го имаме за функционално работење на трите блока на РЕК Битола, еден блок на ТЕЦ Осломеј, двете турбини во Неготино, засилено производство на ТЕ-ТО Скопје е тешко да се реализира“, кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека понудените контакти и предлози ќе ги пренесе и до министерот за економија, Крешник Бектеши.

„По средбата ќе ги пренесеме контактите до Бектеши и очекуваме неизвесноста во која се наоѓаме да биде ублажена“, вели Мицкоски.

04.10.2022 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега