Мицкоски:Заев тука не убедува дека за 14-те живи изгорени кабелот е крив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово пред граѓаните коментирајќи ја одлуката на Заев никој да не одговара за починатите 14-те живи луѓе,  праша дали е тоа европска вредност, додавајќи дека во Романија кога гори болница паѓа влада, додека кај нас власта убедува дека е виновен кабелот.

„Епа во Романија земја членка на ЕУ кога гори болница паѓа влада, поднесуваат оставки и не ги убедуваат граѓаните дека 14 луѓе како кај нас во болница во Тетово изгореа затоа што кабелот не чинеше“, истакна Мицкоски.

 

„Европска вредност ли е да сме најкорумпираната држава во Европа?  
Европска вредност ли е половина милион граѓани да живеат со само 150 денари?
Европска вредност ли е криминалците наместо во затвор, да се на слики со премиерот и министерот за полиција“, праша Мицкоски.
07.10.2021 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега