Митко Јанчев го поддржа Мицкоски за нов мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој лани бараше оставка од Христијан Мицкоски поради поразот на парламентарните избори и најавуваше своја кандидатура за челното место во партијата, денеска најави дека во недела, на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поддржи реизборот на Мицкоски.
Според Јанчев, Мицковски постигнал добри резултати на локалните избори и затоа ќе го поддржи за реизборот, кој веројатно и ќе нема кој да го оспори, бидејќи досега не се јави ниту еден противкандидат. Рокот за кандидирање на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ истекува во сабота.
Мицкоски првпат беше избран на чело на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес во декември 2017 година во Валандово, по оставката на Никола Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа