МЗ: Болничките капацитети речиси исполнети- Активно се работи на реорганизација на медицинскиот кадар

 
Министерството за здравство информира дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации кај пациенти со ковид-19.
 
Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера, за хоспитализација и третман на пациенти е целосно подготвена модуларната болница со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.
 
Во изјава за медиумите, министерот за здравство  Венко Филипче потенцираше дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар - доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8ми Септември“. Тој појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да трпат работа останатите одделенија и тие здравствени работници.
 
Здравствениот систем е подготвен, но апелираме до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега