На бугарскиот европратеник му смета и „11 Октомври“: Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација сега?

Бугарскиот европратеник од редовите на партијата на Борисов и еден од највлијателните политичари во соседна Бугарија, Андреј Ковачев смета дека и празнувањето на 11 октомври е антибугарска провокација.

-Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација сега???
Србин уби Бугарин, татко на три деца и роднина на Дамјан Груев. Ова се нарекува „народно востание“ и се слави секоја година! Лагите и антибугарската идеологија немаат место во ЕУ!, пишува во својата Фејсбук објава Ковачев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2020 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега