На жените брзо им се здосадува сексот во врската, а сега е откриено и зошто

Истражување спроведено на 4839 жени и 6669 мажи на возраст од 16 до 74 години откри која е главната причина за намалувањето на интересот за секс кај жените, односно зошто сексот брзо им здосадува во врска, пишува Индепендент.

Иако некои можеби ќе помислат дека на тоа најмногу влијае физичкот изглед, вистината е различна. Имено, пресудна улога има времето. Забележан е значаен пад на интересот за секс кај жените по само 12 месеци врска.

Сексот исто така им здосадува и после раѓањето на првото дете, но и поради малите деца до пет години.

-Тоа може да биде последица на замор поради примарната грижа за децата, а факт е дека секојдневниот секс влијае врз сексуалното функционирање на жените, многу повеќе отколку кај мажите. Губењето на интерес може да биде поврзано и со промена на фокусот, велат истражувачите.

Како причина за намалените сексуални односи меѓу мажите и жените се наведуваат и недостатокот на емоционална близина, проблем со комуникацијата и лошото здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега