Наумоски: Го уредуваме коритото на реката Лепенец, а жителите на Ѓорче Петров добиваат најмодерно уреден кеј

Сериозниот пристап во решавање на проблемите на граѓаните е основен мотив и во оваа програма ,,Најдоброто за мојата општина“, кажа кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
„Реализираме капитални проекти со кои значително се побрува животот на граѓаните во Ѓорче Петров.
Целосно го  регулираме речното корито на Лепенец.
Во должина од 9 километри, од Никиштани, Орман преку Волково, Кисела Јабука, се до Даме Груев, мора да се уреди коритото на Лепенец. 
Ѓорче Петров добива уреден и современ кеј со пешачка и велопатека, спортски терени и фитнес зони. Целосно осветлен кеј, поубав од оној во Скопје. 
Вредноста на оваа инвестиција е пет милиони евра, средства кои ќе се  обезбедат од Општината, Градот Скопје и Владата заедно со надлежните министерства. 
Целосна функционалност на Лепенец за заштита на биодиверзитетот и заштита од поплави, со рекреација и партерно уредување.  
Со кејот на Лепенец  директно влијаеме врз затекнатите и несовесното создавање на дивите депонии.
Реализацијата на овој проект започнува 2022, завршува во 2025 година.
Покажавме дека работиме во интерес на граѓаните. 
Затоа одлучно, на 17 октомври закоружето го бројот 12“, кажа Наумоски.

09.10.2021 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега