Нетанјаху: На чекор сме до победа, војната ќе заврши за неколку месеци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оценил дека Израел е на пат кон убедлива победа над палестинската милитантна група Хамас и изјави дека војната ќе заврши за неколку месеци.

„Ние сме на пат кон целосна победа. Тука е, на дофат“ - изјавил Нетанјаху на прес-конференција и додал дека предвидува дека војната ќе заврши за неколку месеци, а не за неколку години, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој повторил дека целите на Израел во војната се уништување на Хамас, враќање на заложниците и создавање ситуација појасот Газа повеќе да не претставува закана за Израел.

Тој ги нарекол досегашните акции на израелската армија достигнувања без преседан, особено пофалувајќи го она што Израел го постигнал против Хамас.

Исто така истакнал дека по градот Кан Јунис, фокусот на израелската армија ќе биде ставен на пограничниот град Рафах.

„Продолжуваме до крај. Нема друго решение освен целосна победа“ – изјавил Нетанјаху, додавајќи дека денот по војната е всушност ден по Хамас.

Тој посочил дека е неопходно да се најде решение за проблемите на границата меѓу Израел и Либан, од каде што побегнаа десетици илјади Израелци поради гранатирањето на либанската милитантна група Хезболах.

Исто така изјавил дека Израел не може да толерира да има близу 100.000 евакуирани во неговата земја и дека неговите непријатели знаат дека ќе треба да се најде решение, било дипломатски или воено.

08.02.2024 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега