Николоски: Македонскиот јазик е жив и никој не може да го избрише, го зборуваат Македонците од Пиринска и Егејска Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски објави статус на Фејсбук и порача дека македонскиот јазик е жив и никој не може да го избрише.
 
Николоски пишува дека македонскиот јазик е чист, а не дијалект како што тврдат од Бугарија.
 
„Македонскиот јазик е македонски чист, наш!
Го зборуваме ние Македонците кои живееме во Република Македонија, но и Македонците кои живеат во Пиринска и Егејска Македонија! Македонскиот јазик има убави дијалекти - Скопски, Охридски, Битолски, Велешки, Струмички, Прилепски, Тетовски, но и Петрички, Горноџумајски, Драмски, Солунски, Лерински, Воденски ...
Македонскиот јазик е жив и никој не може да го избрише“, напиша Николоски.

19.07.2022 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега