Ќе се освети спомен обележјето за Водици во Охрид

На градското пристаниште во Охрид денеска ќе биде осветено и отворено спомен-обележје посветено на православниот христијански празник „Богојавление-Водици“. 

Автор на скулптурата е академскиот скулптор Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата е поставена на рељефен постамент со ранохристијански и богојавленски мотиви.

Спомен обележјето ќе го осветат свештеници на Дебарско-Кичевската Епархија предводени од митрополитот Тимотеј, а симболично ќе го отворат градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Чифлиганец.

Отворањето на спомен-обележјето „Богојавление-Водици“  е во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со што симбилично се означува почетокот на главната туристичка сезона во Охрид.

05.07.2014 - 10:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа