ФОТО: Беличанец-Алексиќ се сретна со кинескиот амбасадор Џеншун

Новиот амбасадор на НР Кина, Вен Џеншун денеска беше во посета на општина Кисела Вода, каде се сретна со градоначалничката Билјана Беличанец Алексиќ.

Дискутирајќи за можностите на општината и предизвиците со кои се соочува, соговорниците се фокусираа на изградбата на новото училиште во населбата Драчево, „Рајко Жинзифов”, кое е целосна донација од НР Кина. Двајцата соговорници воедно изразија надеж дека на 1 септември учениците од овој дел на градот ќе ја почнат учебната година во новиот објект, кој ќе биде урнек за сите други училишта во Скопје.

22.07.2014 - 13:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега