Груевски: Претприемништвото е движечка сила на економскиот развој

Победник на натпреварот за најдобар ученички бизнис план за 2012-2013 година е Основното училиште „Јане Сандански“ од Струмица за бизнис планот „Донкас фарм“.

На натпреварот кој се организира седма година по ред денаска присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

-Иако за претприемништвото во светски рамки се зборува уште од поодамна, во последните три-четри децении тоа почна да се смета за движечка сила на економскиот развој, структурните промени и создавање на нови работни места, а со тоа и алатка во борба против сиромаштијата, изјави премиерот Никола Груевски кој е покровител на натпреварот.

-Со процесот на глобализација се зголемува потребата на економиите да се натпреваруваат и да иновираат, а создавањето на креативни и иноватовни претприемачи стана од голема важност за секоја држава во процесот да се одговори на предизвиците на современиот свет, рече Груевски.

Инаку, на годинешниот натпревар учество земаа 49 бизнис планови од 19 градови низ Македонија.

најчитано сега