Слаткаристика вечерва со концерт во Бугарија

По концертот кој се одржа изминатиов викенд на Алекс Плажата, во Дојран, Слаткаристика ја продолжува летната турнеја.

Следна дестинација каде што нашиот артист ќе одржи концерт е Созопол, во соседна Бугарија.

Концертот ќе се случи денес во летното диско „Баш Бар Градина“ во Созопол. Гости на концертот се Бобо и Џами од Бугарија, а Слаткаристика ќе настапи со DJ Oky Doky и Аце НЛ.

Слаткаристика во Софија настапуваше пред 5 месеци. На враќање од соседството, Слаткаристика ќе настапи во Берово- Калипсо, а потоа следуваат журките во Тетово- Амнезија и Аква паркот во Пробиштип.

07.08.2014 - 14:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега