Какво ќе биде времето утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 19, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 30 степени.

И во охридско-преспанскиот регион слично време, со температура до 30, а во дојранскиот до 32 степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во четврток ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. До четврток температурата ќе биде во покачување, а од петок ќе има тенденција на благо опаѓање. 

18.08.2014 - 16:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега