ФОТО: Подгответе се за многу музика и пиво - стартува „Пиволенд 2014"

 

Со настапот на македонската група „Астероид Б 612“, утревечер 20.08.2014 година (среда), во 18 часот, на Скопското кале, ќе почне седмото издание на традиционалниот фестивал на пивото „ГУРМАНСКИ ВИКЕНД СО ПИВО-ПИВОЛЕНД 2014“. Генерален покровител и на ова издание е Градот Скопје, а за оваа намена од Буџетот се издвоени 200.000 денари. „Пиволенд“ оваа година задржувајќи го трендот за поддршка на македонската музика, распиша конкурс за млади и талентирани бендови и артисти од Македонија, конкурсот траеше 10 дена, додека еминентни македонки музичари како дел од жири комисијата ги одбраа најдобрите,  а директно учество на „Пиволенд“ ќе има бендот „Астероид Б 612“, кој победи на „Џифони натпреварот“ за млади таленти одржан во јуни во Градскиот Парк во Скопје.

 -Од утре 20 до 24 август (недела) на Скопското Кале по седми пат ќе се одржи традиционалната манифестација - Гурманскиот викенд со пиво, популарно наречен  „Пиволенд“. Пет фестивалски денови, големи имиња од македонската музичка сцена кои одамна не сме ги гледале на фестивалите, како и гости од странство, многу пиво, гурманска храна и катчиња за забава, се само дел од она што не очекува на годинешниов „Пиволенд“. Фестивалот традиционално е во организација на Град Скопје и „Темов“. Овој фестивал традиционално за градот Скопје, значи зголемување на културно-туристичката понуда, зашто нуди музичка и гурманска разновидност за сечиј вкус. Би сакал да ја искористам можноста и да ги поканам граѓаните на Скопје, да дојдат и годинава на Скопското кале, да бидат дел од оваа Манифестација, но одговорно да конзумираат пиво, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 Дарко Масларковски, дел од организацијата на Пиволенд, потенцираше дека и годинава на едно место, публиката ќе има можност да ужива во легендите на македонската музика: Леб и Сол, Мизар, Селимова-Желчевски, популарните поп изведувачи Влатко Лозановски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски, Тајзи, како и Бени и Нон Стоп, Жаре Бербер, Дани Димитровска, Бета Хаус, Тумбао Салса Бенд, Тони Михајловски и Скандал Састаф, како и алтренативните бендови од македонскиот андерграунд - Д Џон, Смат, Сиз, К.У.Р (Културно Уметнички Работници), Хроматик Поинт и Брука.

 -Веќе по традиција, за љубителите на електронската музика и хипхопот, ќе настапуваат Дј Славе и Галактик Експлорерс. За атмосферата да биде што поразиграна ќе се погрижат и МВП од Белград, како и реге составот Јосип А Лисац од Нови Сад.  Како што можете да заклучите ако мината година имавме 85 % македонска музика на Пиволенд, годинава можеме слободно да кажеме дека 98 проценти од музичката понуда е од македонско потекло. Нашиот фестивал ја поддржува македонската музика, ги промовира македонските млади бендови и повикува на дегустација на пиво, токму затоа и порачуваме, дојдете на Скопското кале пеш, поминете убаво време и доколку пиете НЕ ВОЗЕТЕ, одете си дома со јавниот сообраќаен превоз, рече Масларковски.

 

Богатата понуда на пиво по која е познат овој фестивал повторно ќе ги задоволи вкусовите на сите пивопијци, рече Сандра Темова, дел од организацијата на Гурманскиот викенд со пиво.

 

-Годинава Пиволенд ќе понуди околу 50 видови пиво, а нашите сограѓани ќе имаат можност да дегустираат дел од нив во наредните пет денови. Пивските брендови кои ќе бидат застапени на овој Пиволенд се: Скопско, Heineken, Amstel, Горско, Златен Даб, Крали Марко, Tuborg, Carlsberg, Битолско, Kenbach, Lasko, Corona, Peroni, Kamenitza, Bitburger, Duvel, Guinness, Kilkenny, Union, Chimay, Hoegaarden, Leffe, Lindemans, Grolsch, Paulaner, Stella Artois, Murphy’s, Staropramen, Jelen Pivo, Erdinger, Schofferhofer, Dab, Raderberger, London Porter, London Price, Hobgoblin, Trooper. Покрај спектарот на пива, фестивалот има, исто така, примамлива понуда за храна. Посетителите ќе можат да уживаат со гурманска скара, салати, риба, како и разни мезиња, посочи Сандра Темова.

 

Како и секоја година, така и оваа влезот на Пиволенд е бесплатен, а за сите љубители на забавата, повторно ќе бидат организирани катчиња каде што ќе се играат познатите пивски игри. Поради огромниот интерес од младите македонски авторски бендови, артисти и диџеи , организацијата на Пиволенд реши да направи уште еден стејџ, таканаречен  „Фреш“ на кој сите посетители на Пиволенд ќе можат да ги слушнат и видат сите нови македонски музички имиња чиешто време доаѓа. Победниците на конкурсот за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалот ќе бидат:

 

• Problemsolved

• Smokeshakers

• Tyte (dromrecords)

• Spank

• MarlonBrandoBаnd

• TheAutor

 

 

ПИВОЛЕНД 2014:

 

 

Среда 20.08.2014 година

- Астероид Б 612

- Хроматик Поинт

- Бени и Нон Стоп

- Леб и Сол

- Д Џон

 

Четврток 21.08.2014 година

- Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

- К.У.Р (Културно Уметнички Работници)

- СИЗ

- СМАТ

- Тијана Дапчевиќ

- МВП

- Мизар

 

Петок 22.08.2014 година

- Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

- Пука Банд Брука

- Тумбао Салса Бенд

- Тајзи

- Тамара

- Дј Славе

- Галактик Експлорерс ( Дј Кокс)

 

Сабота 23.08.2014 година

- Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

- Димитар Андоновски

- Трибјут 2 Пинк Флојд

- Дани Димитровска

- Јосип А Лисац

- Жаре Бербер

 

Недела 24.08.2014 година

- Бански Старчета

- Селимова-Желчевски

- Влатко Лозановски- Лозано

- Бета Хаус

- Тони Михајловски и Скандал Састаф

 

 

19.08.2014 - 13:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега