Кои делови од Скопје утре ќе останат без струја?

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека заради технички зафати во електро-системот утре од 7 до 13 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Студеничани.

Без електрича енергија од 08:00 до 09:00 часот ќе останат корисниците од   бул. Партизански Одреди бр. 70б, од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улиците:  Мара Мажуречка, Алпи, Ферид Бајрам и  Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел, од 09:00 до 10:00 часот корисниците од   бул. Партизански Одреди бр. 101, од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од  ул. Прашка во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Диме Мечето и ул. Волт Дизни во општина Шуто Оризари, дел од ул. Ѓорче Петров и корисниците од дел од село Грчец во општина Сарај.

Без електрична енергија од 9:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од дел ул. Скупиво општина Карпош и од 10:30 до 13:30 часот корисниците од дел од  ул. Алекса Демниевски  во општина Ѓорче Петров.

19.08.2014 - 16:32
Фото: 
нетпрес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега