Сонце, дожд и грмежи - еве какво време не очекува утре

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни планински предели ќе има услови за краткотрајни врнежи од дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во охридско-преспанскиот регион времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен западен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степени, а во дојранскиот сончево со максимална температура до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

И во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Во деновите од викендот ќе има локална појава на краткотраен дожд.

20.08.2014 - 16:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега