И Металург во ракометната Лига на шампиони?

Македонскиот ракометен тим Металург ја извести Ракометната федерација на Македонија дека сака со вајлд-карта следната сезона да учествува во Лигата на шампионите. Сепак, за ова треба да одлучува ЕХФ на иницијатива и лобирање од страна на РФМ.

Инаку, токму поради успесите на тимот од Автокоманда, македонскиот шампион Вардар Про следната сезона ќе биде директен учесник во групната фаза од ЛШ.

-РК Металург ја извести ракометната Федерација на Македонија дека е подготвен да учествува на квалификацискиот турнир со вајлд-карта, кој обезбедува место во Лигата на шампионите. На потег е нашата Федерација, која нашата кандидатура треба да ја препрати и да ја излобира во ЕХФ, стои во соопштението на Металург објавено на официјалната интернет страница на клубот.

најчитано сега