Заев целосно изолиран: Зошто странците ме избегнуваат?

Дали првиот човек на опозицијата Зоран Заев со сериозност ја сфаќа позицијата која ја има? Додека јавноста очекуваше дека по катастрофалниот пораз од над 200.000 гласа на парламентарните избори шефот на опозицијата сериозно ќе се фати за работа, нему попривлечен му се виде одморот во соседна Грција, пишува Курир.

Поразот од 200.000 гласа на предвремените парламентарни избори навестуваше дека Зоран Заев ќе посвети огромно внимание на реорганизирање на партијата, до последниот ешалон, како и дека сериозно ќе се посвети на изнаоѓање на нови кадровски решенија кои би ја извлекле опозицијата од летаргичната ситуација во која се наоѓа веќе со години.

Наместо тоа, изминативе три месеци првиот социјалдемократ ретко го имаше и во медиумите контролирани од опозицијата што е најдобар показател дали неговите потези биле соодветни за позицијата која има- лидер на најголемата опозициска партија што секако е од голема важност за државата.

СДСМ и Зоран Заев очигледно имаат голем проблем за потребата како да го свртат вниманието кон себе. За тоа колку опозицијата не се обидува да излезе изолацијата во која се наоѓа доволно покажува доколку се направи анализи на неговите средби со странските фактори. Македонската јавност не памети средба со некој од амбасдорите на најмоќните земји на светот со месеци, доколку се исклучат коктел -приемите како оној на американската амбасада за националниот празник 4 јули.

Додека премиерот Никола Груевски во Берлин  разговараше за иднината на регионот и на Македонија  со Ангела Меркел и Австрискиот премиер, Заев од Струмица договараше средба со дипломат од среден калибар од германското Министерство за надворешни работи со кого се сретна деновиве во Скопје. Заев се сретна со кинескиот амбасадор Вен Џеншун, додека Груевски за една година се сретна неколку пати со Кинескиот премиер Ли Кечијанг и со претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг. Ова доволно говори дека ситуацијата на надворешен план за социјалдемократите може да се нарече катастрофална.

Заев нема остварено ниту посета на некоја од соседните земји или на членките на ЕУ. Останува нејасно дали причините за тоа се анемичноста на неговата партија, неговиот личен рејтинг и несериозност или недовербата што ја имаат странците во неговите капацитети.

Според познавачите, ова се должи на фактот што странците не гледаат соговорник со кредибилитет од другата страна, личност на која може да се ослонат. Според нив, средбите на лидер од опозиција со трет ешалон се свесен одговор на големите сили за нивото на комуникација кое тие сакаат да го водат и за степенот на доверба. Од друга страна, Заев не остава впечаток на црврст карактер и на човек кој може да поведе еволуција и нов квалитет во процесите.

Сепак, ваквата улога на првиот човек на опозицијата секако преставува проблем и за државата. Лидерот на опозицијата, во случајов Заев, има значителна одговорност за процесите во државата. Насекаде тој е личност кој треба да биде најдобрата алтернатива на власта и човек кој треба да има цврст став за најважните прашања. Соседните земји и земјите членки на ЕУ во Заев очигледно не гледаат сериозен играч.

 

 

07.09.2014 - 13:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа