„СКАНДАЛ: Штипјанка фатена во хотел со познат грчки политичар !“

Штипјанка која наводно работела во осигурителна комапнија во Скопје во саботата била „фатена во хотел во Солун“ со познат грчки политичар, пишува извесен портал Доказ, кој се повикува на „извори блиски на редакцијата“

Ви го пренесуваме текстот

„Вечерва во редакцијата на Доказ.мк стигна допис од близок извор (секако познат на редакцијата):
Вчера во Солун во еден познат хотел избил голем инцидент помеѓу штипјанка на 35 годишна возраст која живеела и работела во Скопје во една од осигурителните компании и познат политичар од партијата на Дора Бакојани.
Имено сопругата на политичарот дознала дека тој ќе има средба во хотелот и се појавила во хотелската соба. Сопругата е спремна со име и презиме да го соопшти името на дотичната г-ца, за која блискиот извор изјави :
– “Не и е прв пат. Таа веќе растури две фамилии во Штип, се вереше со еден ја растури фамилијата, го остави. по извесен период истото го направи и со дечко кој живее во Скопје а е од Штип. Не ме чуди оваа нејзина постапка. девојката е “митоманка” друго не ја интересира. Но малкумина знаат дека оваа девојка веројатно “професија” и е растурање бракови и фамилии”.
изјави за Доказ.мк нашиот извор.
епилогот не е цел ,  ќе Ве информираме целосно па дури и со идентитет доколку за тоа се согласи сопругата на политичарот. инаку “итрата” штипјанка често патувала на блиц средби во Грција.“ - пишува во текстот.

Треба да се напомене дека во последниве неколку недели на голем број македонски портали изглоа вакви „скандалозни“ приказни, а за сите, заедничко е што ниту една не може да се провери и се разбира бидејќи не се открива идентитет, нема кој да ги демнатира. 

Интересно е што за сите вакви „ексклузивни“ приказни дознаваат редакции на портали кои инајчесто немаат импресум.

Затоа, нашата редакција, реши оваа приказна да би ја пренесе, но во категоријата ЗАБАВА.

15.09.2014 - 11:56


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега