Музиката за "Врати се, Зоне" ќе ја компонира Јоксимовиќ

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ е новиот член на екипата за филмот на Југ Радивојевиќ "Врати се, Зоне". Пејачот и композитор приказната за Зоне Замфирова и кујунџијата Мане ќе ја обои со оригинална музика, а за тоа ќе добие хонорар од 30.000 евра.

"Жељко ќе биде еден од моите најважни соработници на проектот. Договорот го потпиша, но преговорите малку се оддолжија заради свадбата. Во продолжението нема да користиме мелодии од првиот дел, туку ќе биде компознирана оригинална музика. Едвај чекам да ги чујам мелодиите", вели Југ Радивојевиќ, кој не ги потврдил сознанијата за хонорарот на Јоксимовиќ.

22.09.2014 - 11:30


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега