ВИДЕО: Ова е најскапиот автомобил на светот

Веројатно најскапиот автомобил на светот е златен Ламбурџини Авентадор, кој деновиве е забележан на улиците на Париз. Најверојатно овој автомобил чини околу 4 милиони долари и го вози жител на Саудиска Арабија.

Не е тешко да се забележи, а тоа што привлече уште поголемо внимание е бројот на таблицата - 666, а француските медиуми пишуваат дека по овој автомобил парижаните се вртат неколку дена.

Најскапите автомобили можат да се видат во европските градови во текот на летото, кога богатите жители на Катар, Саудиска Арабија, Емиратите  и Кувајт доаѓаат на овој континент, бидејќи во нивните држави тој период има неподносливи горештини.

25.09.2014 - 16:46


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега