Металург гостува во Брест, а Вардар ги пречекува Чеховски Медведи

Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони денеска ќе ги одиграат своите натпревари од 2.коло.

Првакот на Македонија, Металург  гостува во Белорусија  кај екипата на Мешков Брест, во дуел од А групата кој ќе започне од 17 часот. Металург на овој натпревар ќе настапи без интернационалците Станиќ, Атман и Вугринец кои не отпатуваа за Белорусија.

Вицепрвакот Вардар во натпревар од Ц групата против рускиот тим Чеховски Медведи, прв пат ќе заигра во својот новиот дом салата „Јане Сандански“ во Аеродром од 19 часот.

Покрај овие два меча денеска на програмата се уште три, додека преостанатите шест натпревари од ова 2.коло ќе се играат утре.

Инаку, првиот натпревар од ова коло се одигра во средата, а во него европскиот вицешампион Кил славеше победа над шпанската Ла Риоха со 34:32.

Комплетни двојки за 2.коло во ракометната Лига на шампиони.

Сабота 
14:00 Килце – Пик Сегед
17:00 Мешков Брест - Металург 
17:00 Мотор Запорожје - Данкерк
19:00 Вардар - Чеховски Медведи
21:00 Вестпрем – Рај Некар

Недела
12:30 Барселона - Висла Плок
15:10 Бешикташ - Колдинг
16:50 Алборг - Кадетен Шафхаузен 
17:00 Монпеље - Целје
19:00 ПСЖ - ППД Загреб
19:30 Фленсбург - Алингсас.

04.10.2014 - 11:00

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега