Северна и Јужна Кореја ќе ги обноват преговорите на високо ниво

 

Северна и Јужна Кореја се договориле да ги обноват своите разговори на високо ниво, што беа прекинати во текот на февруари, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на јужнокорејскиот министер одговорен за односите со Северна Кореја.

Веста беше соопштена по средбата на висока севернокорејска делегација со министерот за обединување на Јужна Кореја и советник на јужнокорејскиот претседател за национална безбедност.

Според јужнокорејските медиуми, преговорите меѓу Пјонгјанг и Сеул ќе бидат обновени на крајот на октомври или на почетокот на ноември.

На затворањето на Азиските игри во јужнокорејскиот град Инчон пристигна севернокорејска делегација, предводена од началникот на Главната политичка управа на Корејската народна армија, заменик претседателот на Државниот совет за одбрана вицемаршал Хван Пјон-со, кого го сметаат за втор човек во севернокорејскиот режим. 

04.10.2014 - 11:59

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега