Розберг пред Хамилтон на стартот на трката во Сузука

 

Германецот Нико Розберг ќе стартува од полпозицијата на утрешната трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Јапонија.

Возачот на Мерцедес до својата осма полпзиција сезонава, стигна откако оствари најбрзо време во  денешните квалификации кои се возеа на патеката Сузука, притоа оставајќи го зад себе големиот ривал за шампионскиот трофеј воедно и клупски колега Луис Хамилтон.

Од вториот ред утрешната трка ќе за започнат двајцата возачи на Вилијамс, Валери Ботас и Фелипе Маса, а зад нив ќе стартуваат Фернандо Алосно со Ферари и Даниел Рикиардо од Ред Бул.

Во генералниот поредок на пет трки до крајот на шампионатот, води Брит6анецот Хамилтон со 241 бодови, само 3 повеќе од Розберг, додека трето рангираниот Даниел Рикардо има 181 бодови.

04.10.2014 - 15:33

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега