Новата арена „Јане Сандански“ мотив повеќе за ракометарите на Вардар

Ракометарите на Вардар со победа го започнаа настапот во својот нов спортски дом.

Во премиерниот натпревар во новата спортска сала „Јане Сандански“ одигран синоќа, вардарци убедливо го победија рускиот тим Чеховски Медведи со 39:28. Повеќе од 5000 навивачи беа сведоци на одлична игра на Вардар, особено во првото полувреме кога гостите беа декласирани. За Вардар ова е рекорд да постигне 24 гола за едно полувреме.

Во дуелот до 2.коло на Ц групата, црвено-црните, во прекрасна атмосфера, ја остварија втората победа сезонава во исто толку одиграни натпревари.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров кој постигна 8 голови, додека Алекс Душебаев придодаде 7.

Потсетување дека вчера, Металург на гостувањето во Белорусија, загуби од Мешков Брест со 28:24.

Покрај овие два натпревари вчера се одиграа и средбите Килце – Пик Сегед 37-32 и Мотор Запорожје – Данкерк 21:23.

Денес ќе се играат натпреварите: Барселона - Висла Плок, Бешикташ – Колдинг, Алборг - Кадетен Шафхаузен, Монпеље – Целје, ПСЖ - ППД Загреб и Фленсбург – Алингсас.

 

 

 

05.10.2014 - 10:36

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега