Комплетирано првото коло во АБА лигата

 

Со двата натпреварa одиграни вчеравечер, комплетирано е првото коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

На дуелот во Подгорица, Будуќност славеше победа во дуелот со дебитантот во АБА конкуренцијата Металац, додека Задар пред својата публика ја совлада Игокеа.

Потсетување дека македонскиот шампион МЗТ Скопје, на гостувањето во Сремска Митровица, беше поразен од Мега Визура по дополнителните пет минути.

Комплетни резултати од 1.коло во кошаркарската АБА лига:
Мега Визура - МЗТ Скопје Аеродром 103:95 (по продолжение 84:84)

Крка – Цедевита 80:72
Шолнок - Партизан 55:60
Задар – Игокеа 68:61
Будуќност - Металац 65:61 
Црвена звезда - Левски Софија 85:55

Цибона - Унион Олимпија 80:85

Второто коло на програмата е веќе во вторник (7 октомври) кога во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион МЗТ Скопје првпат ќе игра во новата сала, и тоа против екипата на Задар.

05.10.2014 - 11:29

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега