Јувентус ја совлада Рома со помош на судиите

Дерби натпреварот од 6.коло на италијанското фудбалско првенство меѓу Јувентус и Рома заврши со триумф на домашниот тим од 3:2.

И покрај петте постигнати голови, сепак наместо фудбалерите, во фокусот на вниманието на дуелот одигран вечерва во Торино, беше главниот судија Џанлука Роки.

Роки, дури три пати покажа на белата точка, но двата пенали кој ги досуди за домашниот тим, во најмала река беа контроверзни.

Најнапред во 27-минута, по што Карлос Тевез пеналот го претвори во водство од 1:0.

Следуваа два гола за Рома, првиот од пенал кога Франческо Тоти (32-минута) израмни на 1:1, а потоа во Хуан Мануел Итурбе (44) и донесе предност на Рома од 2:1.

Сепак, само една минута подоцна (45) судијата Роки уште еднаш покажа на белата точка, а одново Тевез беше сигурен реализатор на најстрогата казна.

Јувентус до победата дојде со голот на Леонардо Бонучи на четири минути пред крајот (86).

Со оваа победа и максимали 18 бодови, Јувентус сега е само на првото место на табелата, пред Рома која има 15 бодови.

Оваа рунда во Серија А, ќе биде комплетирана вечерва со натпреварите, Фиорентина – Интер и Наполи – Торино.

05.10.2014 - 23:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега