Чех најавува заминување од Челзи

Петр Чех голманот на репрезентацијата на Чешка и член на премиерлигашот, се повеќе е незадоволен од својот статус во клубот.

Во новата сезона прв избор на голот на „сините“ и на менаџерот Жозе Мурињо е Тибо Куртоа.

Ваквата состојба не е поволна за Чех, кој одигра само еден натпревар откако во последното коло од Премиер лигата влезе во игра од клупата за резерви наместо повредениот Куртоа.

- Немам разговарано со никој во клубот, но мислам дека сите добро ја знаат состојбата.

Таа не онаква каква ја замислувам, доколку мојата ситуација не се подобри, тогаш ќе мора да се разреши, изјави Чех, кој се наоѓа на подготовки со Чешка во пресрет на квалификацискиот дуел со Турција.

32-годишниот Чех во Челзи е од 2004 година, а во периодот од тогаш до крајот на ланската сезона беше еден од најстандардните и најзаслужните за успесите на тимот од Лондон.

 

 

08.10.2014 - 09:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега