ВИДЕО: Огледало кое зборува- погледнете ги реакциите на луѓето

Наутро кога ќе се разбудите се чувствувате нерасположено? Компанијата  IKEA има генијална идеја за нешто со што сигурно ќе направи да се чувствувате посебно.

Во Шведска е претставен прототип на огледалото во Англија на кое може да се погледнете и веднаш да се почувствувате подобро затоа што ќе слушнете и прочитате комплимент како некој навистина да ви го дал.

Ова „Инспиративно огледало“ е направено како резултат на истражување во кое се открило дека:

- 49 % од Британците не добиваат комплименти во текот на една недела.

- 43,6 милиони луѓе во Велика Британија се многу самокритични.

- 33 % од нацијата сметаат дека најлошо изгледаат пред 9 часот наутро во понеделник.

IKEA исто така направиле истражување за тоа кои комплименти луѓето најмногу сакаат да ги слушаат.

Во најтесниот избор биле: „Твоите очи се прекрасни“, „Си вежбал/а?“, „Твојата кожа блеска“.

Погледнете ги реакциите на луѓето:

 

08.10.2014 - 14:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега