Родителите му се милионери а тој спие во паркови и бара храна во контејнери

40- годишниот Џес Бролин, синот на актерот Џејмс Бролин, неодамна бил снимен како бара храна во ѓубрето во Калифорнија иако неговото семејство има богатство поголемо од 500 милиони долари.

 

Откако во 2011-тата година останал без својот стан за кој месечно плаќал 800 долари, тој сега живее на улица и спие на само неколку километри од семејната куќа вредна неколку милиони долари.

Како што пишува весникот Mirror, Бролин во 1995-тата година добил наследство од неколку стотици илјади долари, кога неговата мајка, поранешна сопруга на актерот Џејмс Бролин, загинала во сообраќајна несреќа.

Тој тогаш живеел развратно, онака како што сакал, но на крајот завршил без пари во џебот.

"Некогаш спие зад продавницата, во суштина не гледа каде легнува. Навечер може да биде многу студено. Тоа е навистина тажна ситуација", изјавил изворот за Mirror.
Портпаролот на семејството Бролин рекол дека тие направиле се' за да му помогнат, но безуспешно.
Му нудевме помош и поддршка и ќе продолжиме со истото. Многу го сакаме и го сакаме најдоброто за него - рекол портпаролот.

13.10.2014 - 14:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега