„Пукна“ Анета Наковска: Нема спознори - нема спотови

Анета Наковска која деновиве го промовираше спотот за песната Уште вечерва е незадоволна од начинот на кој медиумите ја третираат нејзината кариера. Револтот го изразила на Фејсбук каде напишала статус во кој удрила по медиумите затоа што не ја пренеле веста за нејзината гала-промоција, како што таа ја нарекува.

-Не ми се верува дека никој не напиша вест за нашата промоција со Баже, а кога некои пропалитети и замислени пејачки измислија небулози и валкани лаги за мене, е тогаш сите портали до еден ја преземаа веста. Најгладни за крв сте. Затоа е и калакурница кај нас, тие без квалитет ги сечат и прегазуваат квалитетните..., стои во статусот на фолкерката.

Потоа таа додала и дека, за жал, нема ниту еден хит во нејзината кариера кој ја одбележал, но верува дека наскоро ќе сними нешто ново по што ќе остане запаметена.

-Правам постојано нови песни, но ниту една не стана вистински голем хит и тоа поради мојата неажурност. Воопшто не умеам соодветно да се наметнам и изрекламирам. Најсреќна сум во креативните фази кога ги создаваме песните и после сум многу тешка да се покренам и да трчам низ медиумите, како што прават паметните. Тоа што сум послаба со спотови е затоа што никогаш во животот не сум имала спонзори и немало кој да ми плаќа фотосесии и песни, им се пожалила Наковска на виртуелните пријатели.

13.10.2014 - 23:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега