Вардар ја порази Шкеднија среде Тетово и покрај недоличната атмосфера

Големото дерби од 11. коло во Првата МФЛ помеѓу екипите на Шкендија и Вардар заврши со победа на гостите од 1-2. 

Црвено црните од Скопје одлично го започнаа мечот и со головите на Филип Петковски и Грнчаров обезбедија водство од 2-0.  Патем Шкендија остана и без Митрев кој заработи црвен картон. 
Во второто полувреме Вардар го бранеше резултатот но Имери успеа да казни една грешка на Павловиќ и да го ублажи пораот на 1-2. Сепак домаќинот иако бодрен од домашната публика немаше сили да избегне пораз. 

И покрај најавите на ФФМ за ригорозност, немаше никаква реакција иако навивачите на Шкендија во теко на целиот меч сандираационлсиички пароли поврзани со голема Албанија. Исто така, тие фрлаа предмети во теренот и користеа приотехника. Останува прашањето, дали во ФФМ има луѓе кои се подготвени да останат на својот збор или нивните ставови држат пократко од прес конференциите. 

19.10.2014 - 17:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега