Кој го измисли кадифеното мече (Teddy bear)?

Една од најсаканите играчки на светот била именувана во чест на претседателот Теодор Рузвелт откако тој одбил да убие мечка за време на лов во Мисисипи во ноември 1902 година.

За време на ловот, неговите помошници фатиле мечка и ја врзале за дрво, а потоа го поканиле претседателот да ја убие; наместо тоа, Рузвелт, кој бил страсен љубител на природата и ловец, одбил со зборовите дека воопшто не е спортски на тој начин да се убие беспомошно животно. Овој инцидент го привлекол вниманието на јавноста и бил одбележан од популарниот политички карикатурист Клифорд Беримен (според некои извори, карикатурата во весникот насловена како „Исцртување на линијата во Мисисипи“ била асоцијација не само на одбивањето на Рузвелт да го убие медо, туку и начинот на кој тој се справувал со граничниот спор меѓу Мисисипи и Луизијана, а други извори наведуваат дека карикатурата била коментар за прогресивниот став на претседателот за расните односи во земјата). Инспириран од карикатурата, чевларот Морис Мичтом и неговата жена Роуз, од Бруклин, Њујорк, направиле полнето кадифено мече во чест на 26-от врховен командант на САД, и го изложиле во излогот со насловот „Teddy bear“ (мечето Теди) и го привлекле вниманието на минувачите. Откако наводно чевларот му пишал на претседателот за да добие дозвола да го користи неговото име за својата креација, Мичтоми почнале успешна компанија која правела кадифени мечиња и други играчки.

Во меѓувреме и отприлика во истото време кога Мичтоми го направиле своето мече, една германска компанија основана во 1880 од шивачката Маргарет Стејф, почнала да прави мали меки играчки. Ричард, внукот на Стејф, во 1902 година според животот на вистински мечки во зоолошка градина, дизајнирал мече од кадифе со споени раце кое првпат било претставено на германски саем за играчки во 1903 година. Купувач од Америка нарачал голема количина од овие полнети играчки и мечињата Стејф (кои во 1906 година официјално станале познати како „теди беар“) брзо станале популарни и помогнале да се забрза меѓународното лудило по овие мечиња. Наскоро и други компании почнале да прават свои полнети мечиња. Повеќе од половина век подоцна, Стејф продолжиле да прават полнети мечиња, а оние првите денес достигнуваат големи суми кај колекционерите, кои за нив на аукции даваат фантастични суми. 

23.10.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега