Состанок на ЕБФ: Македонскиот банкарски сектор е стабилен

Македонија има стабилен банкарски сектор. Добро се справи со кризата и преку адекватната поддршка на економијата помогна кризата да помине на побезболен начин отколку другите европски економии, беше истакнато денеска на заедничката прес-конференција по одржаниот 36. состанок на Европската банкарска федерација во Скопје.

- Македонија многу добро се справи со кризата. Економската криза не ја засега толку многу како другите европски земји. Очекуваме во 2014 година со уште поголемо темпо да се одвива развојот на државата, а при тоа банките ќе имат активна улога, истакна Гвидо Равоет, извршен директор на Европската банкарска федерација.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Македонија со резултатите што ги покажува во банкарството, регулативата и начинот на кој работат македонските банки покажува и докажува дека европските директиви не се само на хартија, туку се начин како работиме и стандардите што ги постигнуваме во овој сегмент покажуваат дека Република Македонија заслужува местото во ЕУ.

- Во делот на регулативата Македонија ги практикува најдобрите меѓународни практики, базелските стандарди и се она што е регулатива во ЕУ се применува во Македонија преку прилагодување на директивите на ЕУ, истакна министерот.

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов потенцира дека банкарскиот сектор ја задржува стабилноста и дека нема никакви загрозувања и на среден рок во поглед на ценовната стабилност и во поглед на банкарската стабилност.

 

најчитано сега