Која пејачка можеби ќе ја надминеше Лепа Брена?

Постои ли шејачка која можеше да ја надмине Лепа Брена? Конечно има одговор и на ова прашање.

Гордана Адамов е секси русокоса која се појави во 80-тите години на југословенската сцена и беше сериозна закана за југословенската ѕвезда Лепа Брена. Нејзино уметничко име е Лепа Лана, како што ја именуваше Милован Илиќ Минимакс, се појави на сцената за да ја помати славата на Лепа Брена. Целата оваа приказна беше замисла на Милутин Поповиќ Захар, кој ја прекина тогашната соработка со Лепа Брена и за нејзин инает ја создаде Лепа Лана.

 

Лана се појави во 1983 година и првиот албум „Ја сам Лана“ е продаден во повеќе од 700.000 примероци. Таа имаше голем успех во тој период, а последниот албум го издаде во 1995 година. Лана со сопругот се пресели во Америка поради анонимни закани дека ќе и го убијат синот ако не престане да пее. Гордана Адамов и денес живее во Америка.

27.10.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега