Младо си е младо - Нојер си фати 18ка

 

Само еден ден откако разделбата меѓу Мануел Нојер и неговата девојка Катрин Глих стана официјална, започнаа да излегуваат пикантни гласини за причините. Според "Билд" за тоа може да стои нова авантура на светскиот првак и голман на Баерн (Минхен) со 18-годишна ученичка.  Девојката веќе се пофалила дека успеала да стигне до срцето на 10 години постариот од неа Нојер. Самата Катрин Глих одби да ги коментира деталите за разделбата. Тоа е така, бидејќи Нојер и ветил 4-цифрена месечна издршка, како и да продолжи да ја плаќа киријата за луксузниот стан, во кој Катрин ќе продолжи да живее.  Во замена неговата поранешна девојка треба едноставно само да продолжи да молчи за целиот случај.  Можам да потврдам дека со господинот Нојер не сме заедно и тоа веќе им е познато на сите. Нема што да коментирам повеќе, изјави деловно Катрин

28.10.2014 - 22:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега