Пристигна првиот трејлер за "Minions"

Откако малите жолти суштества воодушевија милиони дечиња ширум светот во анимираниот филм "Despicable Me" и сите негови продолженија  јасно е дека тие заслужуваат свој цртан филм.

Universal неодамна го објави својот прв трејлер за "Minions" кој во кината ќе пристигне на 10-ти јули, 2015-та година.

Заплетот на овој филм го следат Стујарт, Кевин и Боб во потрага по нов владетел, а гласовите овој пат ќе им ги позајмат Сандра Булок, Џон Хам, Алисон Џејни и Стив Куген.

Филмот е во режија на Пјер Кофин и Кајл Балд, а сценариото на Брајан Линч. Многумина предвидуваат дека "Minions" би можеле да го надминат и "Despicable Me", "Гру на супертајна задача" кој на Universal му донесе заработка од 900 милиони долари. 

04.11.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа