Кајмакоски за Евросонг: Ќе облечам штикли и мини здолниште ако треба!
Атмосферата на Скопскиот фестивал вчера беше победничка, а оној кој беше најсреќен беше секако Даниел.
„Вистина“ побара негово мислење за контроверзноста која минативе години се јавува на Евросонг.
-Ако после тоа ми дозволат да се вратам во Македонија, се согласувам да облечам мини здолниште, високи потпетици, ако сте за нема проблем….. Хахахахха не, не се шегувам….. Знаете што, ние сме Македонци и ќе одиме најприродно, не ни се потребни тие работи. Не можеме до толку да отидеме со западниот свет, барем не засега. Имаме свои принципи и вредности кои треба да ги следиме, чуваме и пазиме. Нека се однесува секој како што сака. Кончита имаше одлична песна, глас и продукција. Но понатаму мора да докаже дали ќе се етаблира во музичкиот свет. Мислам дека наскоро треба да излезе неговиот… нејзиниот албум (се смее ) па добро не го/ја знам лично за да знам на кој пол да мислам. Горд сум што победи Австрија и знам колку им значи, исто како на нас Македонците. Ќе одам така како што ме засака публиката и интензивно ќе размислувам за тоа како да направам нешто убаво, а секако прифаќам сугестии и критики, рече тој за порталот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа