„Златните Славејчиња“ на сцена со Тони Цетински

На само два дена пред големиот и прв самостоен концерт на Тони Цетински во спортскиот центар „Борис Трајковски“, организаторот најавува нови детали и изненадувања.

Имено, на големата сцена која веќе се монтира, освен Тони Цетински и неговиот гостин, српскиот колега Жељко Јоксимовиќ, ќе се појави и хорот на реномираниот детски фестивал Златно Славејче. На барање на Цетински, хорот ќе го придружува во еден дел од концертот за кој што најавите се дека е нешто сосема поинакво од она на што сме навикнале да го гледаме овој популарен хрватски изведувач.

Цетински во Скопје доаѓа утре, за кога е закажана и генералната проба пред големиот и прв самостоен скопски концерт. 

-Од принцип никогаш пред концерт не најавувам дека ќе биде спектакуларен, сакам публиката после последната песна да пресуди. Но за овој концерт во Скопје имам некое поинакво чувство. Знам дека ќе биде добро, изјави Цетински. 

Освен хитовите со кои што регионот веќе го запозна и го лансираше помеѓу своите омилени изведувачи, како „Опет си победила“, „“Онај ко те љуби сретан је“, „23 декември“, „Нека те одведе“, „Ако то се зове љубав, на сцената во Скопје, на 28 ноември (петок), Цетински ќе донесе и актерска игра, оперски елементи и многу музика.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 14:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега