Елена Ристеска и Каролина, каква тајна кријат македонските поп диви?! (ФОТО)

Елена Ристеска влезе во финалето на шоуто „Твоето лице звучи познато“, но дали случајно преку коментари на Инстаграм ни откри детали од приватноста?!

Деновиве Елена Ристеска на Инстаграм објави фотографија со неверојатно талентираното 9-годишно девојче Маша што ја придружуваше на сцената на полуфиналето од „Твоето лице звучи познато“ и покрај за танцот ја пофали дека и приватно Маша е неверојатна.

 

Под оваа прекрасна фотографија се разви вистинска дискусија помеѓу Елена и Каролина Гочева за некој приватен разговор меѓу нив.

Што ни открија дознајте од нивните меѓусебни коментари!

 

-Златно дете… Сакам да си родам едно вакво дете еден ден. Маша која играше на Сиа „Chandelier“, светски првак во модерен балет, пред една седмица освои Злато на Светското првенство, напиша Елена под фотографијата со Маша.

Откако пејачката Каролина Гочева во коментар и спомена на Елена некој нивни разговор на Вибер од утрината, Елена напиша:

 

-Каролина, малата е немам зборови, денес цел ден се гушкаме, не знаеш каква е мила, да посака човек да си роди… еден ден!

Потоа Каролина продолжи да коментира да побараат информации од надлежните, а бидејќи сопругот на Ристеска, Бојан Ивановски, изгледа се препозна во надлежните се јави со коментар и ги предупреди пејачките ваков разговор дека се води приватно на Вибер, а не на Инстаграм затоа што веднаш ќе завршат во медиумите.

 

Паметно момче е Бојан, двете пријателки и македонски поп диви навистина ни ја фрлија мамката и ни дадоа тема на размислување… Дали за некоја од нив улогата „мама“ е посакувана што поскоро или пак дури и очекувана?!?

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега