Зошто мажите избираат просечни жени?

Што е поубаво: да имаш убава жена или не толку убава? Веројатно ова прашање си го поставил секој маж. Факт е дека мажите се загледуваат по фаталните и провокативни убавици, но често дома ги чека некоја обична женичка. Ако на вас не ви е јасно зошто ја избрал неа, еве ги и одговорите:

 

Се чувствува доминантен – кога си заедно со некој поубав од тебе, почнуваш да се прашуваш дали воопшто го заслужуваш. Се плашиш дека секој момент може да те остави, а ваквите мисли се смрт за машката самодоверба. Ете зошто некои мажи избираат да бидат поубавиот дел од парот и да бидат третирани како богови.

 

Подобар секс – ако сте слушнале дека грозните жени се подобри во сексот, треба и да поверувате на тоа. Жена која знае дека нема некои посебни физички дарби, таа се обидува да компензира со други квалитети. Тие ги исполнуваат сите желби на мажот.

Другите мажи не се опасност – кога до себе имаш убава жена, немаш доверба и во пријателите. Секогаш има малку сомнеж, дека некој флертува со твојата прекрасна жена. Но сега веќе можеш да бидеш мирен, грозната жена не привлекува погледи и ќе си биде само твоја.

Ќе заборавиш што е тоа љубомора – мажите се познати по својата љубомора, а некои од нив едноставно не издржуваат. Но кога до себе имаат жена со „внатрешна убавина“ , немаат таков проблем – бидејќи пакувањето на неговата сакана не е примамливо за другите.

 

Таа е мултифункционална – сети се за нејзните секс способности и помножи ги со сите сфери во животот. Грозната жена ја компензира својата непривлечност и тоа не само во креветот.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега