ФОТО: Тој е избран за „најмомче" на 2014 во Македонија

Читателите на тинејџерското списание ТАА по 12 пат го избра своето Најмомче на годината. Во конкуренција на пејачите Виктор Апостоловски, Јоце Панов, композиторот/пејач Роберт Билбилов и ракометарот Марко Нелоски, титулата овој пат отиде во рацете на Даниел Кајмакоски кој освои околу 70% од гласовите.

-Ми се допаѓа како звучи тоа „момче“. Имам 30 години и за чувството на идол кое го добивам не само заради најмалите, туку и од оние повозрасните, можам само да му се заблагодарам на Господ. Ова значи дека имам голема одговорност кон сите нив. Сакам да им бидам вистински пример и се трудам секојдневно да им го покажам тоа. Секогаш пред децата имам насмевка кој ним им е потребна. Станавме големо друштво и супер пријатели. И среќен сум што токму моите фанови преку вашата ТАА ми ја доделија оваа награда, рече Кајмакоски.

Досегашни добитници на наградата ТАА најмомче се Тоше Проески, Адријан Гаџа, Ламбе Алабаковски, Петар Ѓошев, Стефан и Мартин Филиповски, Тони Зен, Ивица Смилковски, Александар Белов, Христијан Тодоровски...

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега