Легендата за Божиќниот венец

Традицијата на поставување на новогодишни венци на вратите и во домовите потекнува од одамна. Божиќниот или Свет венец го симболизира страдањето на Исус, но постои уште една прекрасна легенда за Божиќниот венец.

Едно мало сираче кое живеело меѓу овчарите го слушнало ангелот кој раскажувал за раѓањето на бебето Исус. Момчето направило венче од гранки за Исус и се упатило кон Витлеем. Кога се поклонило пред бебето и му го подало подарокот, овчарчето се засрамило бидејќи подарокот бил премногу скромен, и почнало да плаче.

Бебето Исус го допрело венчето и тоа се претворило во прекрасен венец со зелени лисја, а солзите на момчето станале црвени бобинки кои го украсиле венецот.

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега