Фолк-пејачката распали по колешките: Половина естрада се проститутки - наскоро ќе проговорам!

Српската фолк пејачка Наташа Маза кој изминативе недели го привлече вниманието на јавноста и медиумите откако јавно им се „нафрли“ на старлетите Станија Добројевиќ и Сораја Вучелиќ, реши дека нема да застане само на овие две имиња.

Наташа „распали“ по нејзините, како што кажа, наводни колешки:

-Денес секој може да се нарече пејачка, навистина, а мене тоа ми е смешно. Ќе се појават од никаде и се замислуваат дека се пејачки, а тоа не се мои колешки. Половина естрада всушност се занимава со најстариот занает на светот, но за тоа не би зборувала во оваа пригода, поради тоа што на некои нема да им биде пријатно. Но, доколку продолжат да го валкаат моето име, ме прогонуваат и ми се закануваат ќе мора да го разврзам јазикот и тогаш ќе имате што да слушнете. Ако почнам да ги обелоденувам тие таканаречени старлети… е тогаш ќе има вистинско цунами“, кажа Маца која е горда што нејзината песна „Трепавице“ има илјадници прегледи на Јутјуб.

„Впрочем  мојата хит песна открива доста работи за мене, а и за сѐ она што ми се случува во животот. Ако тоа не биде доволно, секако ќе бидам принудена поинаку да реагирам“, најави Маза која очигледно си го бара своето место под српското турбо фолк небо.

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега