ФОТО: Дино Мерлин ја посети болната пејачка

Популарниот пејач Дино Мерлин неодамна ја посети својата болна колешка и пријателка Дона Арес.

Познато е дека пејачката се бори со болеста, а посебно и било добро што неколку часа била во друштво со Дино Мерлин и Маја Сар.

Пејачката ја додаде оваа фотографија на социјалните мрежи и со пријателите сподели како неа многу и одговара што толку драги колеги и доаѓаат во посета и што ја има нивната поддршка.

Како потсетување, Дона Арес веќе неколку месеци се бори со злобната болест – ракот. Иако е болна, таа во ниеден момент не попушта, секој ден е позитивен и верува дека во целост ќе се излечи.

Пејачката секојдневно ги информира своите пријатели на социјалните мрежи за својата состојба, а многу и значи нивната поддршка.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега