Концертот на Крис Браун заврши крваво- ранети пет лица

Во пукотница во клуб во близина на Сан Франциско, во кој настапуваше добитникот на Греми наградата Крис Браун, ранети се пет лица, соопшти американската полиција.

Браун, кој свиреше на приватна забава во ноќниот клуб, не е повреден во пуктницата koja се случила во раните утрински часови во недела.

Според соопштението на полицијата, повредените се во стабилна здравствена состојба.

Полицијата ги истражува мотивите за инцидентот.

Браун е познат и по турбулентната врска со пејачката Ријана.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега